АктуелноБоксДомашна сцена
Во сабота ќе се одржи 15. Меѓународен боксерски турнир „Битолски победник“

Во сабота ќе се одржи 15. Mеѓународен боксерски турнир „Битолски победник“.
Турнирот ќе со почне во 16 часот, во спортската сала „Боро Чурлевски“,
На овој спортски настан ќе учествуваат боксерски екипи од Македонија и од земјите на Балканот, меѓу кои и битолските шампиони од „Пелистерски Јунак“, носители на златен и сребрен медал од Опен Балкан шампионатот во Пале, Босна и Херцеговина.

Ваквите спортски успеси уште еднаш ја потврдија потребата од создавање подобри услови за развој на боксот во Битола. Во тек е изградбата на новата боксерска сала, која ќе обезбеди современи услови за тренинг и натпревари на младите битолски боксери.




