ГФЦ на несекојдневен начин остана без првак: Не сакам да се борам против своите браќа…

Одличниот руски борец реши да го напушти тронот, а многу брзо објасни и зошто.

Боречката промоција Горила фајтинг чемпионшип на необичен начин остана без својот првак во средна категорија.

Рускиот борец Ринат Фахретдинов (17-1) одби да го брани појасот од религиозни причини. Имено, за овој 28-годишник од Москва не доаѓаше во обѕир меч, како што вели самиот, со неговите „муслимански браќа“.

Ова е вест која ја потврди ГФЦ преку Инстаграм.

„Не се борам против моите браќа заради религиозните убедувања. Сега предизвикувачи се Фаридун Одилов и Даурен Ермеков. Тие се муслимани, а јас не се борам против своите браќа“, рече Фахрединов.

„Борбата си е борба и пред да влезот во кафезот мора да бидете максимално фокусирани. Јас сум борец, но не можам со сета сила да одам на моите браќа. Затоа, немам намера да да трпам глупости во кафезот и да ги удирам во лице. Да бидам искрен, треба да настапам против којбило ривал што ќе ми го одреди организацијата, но не можам заради моето уверување. Одлучив да го оставам појасот, тие нека се борат за него. Во никој случај не велам дека нема да се вратам. Ќе видиме кој ќе биде шампион, а појасот го оставам затоа што се придржувам до моите принципи “, заврши Ринат.

Според Шердог, Фахретдинов има забележано 17 победи и само еден пораз таму во 2013 година. Речиси сите негови успешни настапи, поточно 15 од нив, ги заврши со прекин.

https://www.instagram.com/p/CC3BSxWFNV7/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON