Георгиевски: Најважна беше првата борба, кога го скршив мразот против светскиот првак

Дејан Георгиевски направи историски успех на Олимписки игри (ОИ) во Токио, каде што го освои сребрениот медал и тоа е најголем успех во македонскиот спорт од независноста.

Георгиевски вели дека најважна му била првата борба на игрите, а исто така додаде дека го дал максимумот против сите негови ривали.

„Чувството е одлично да се израдува македонската јавност. Во моментов сум под импресии и не можам да кажам ништо повеќе. Најважна беше првата борба, кога го скршив мразот против светскиот првак. Како што кажав и претходно, ќе го дадам максимумот против сите кои се дојдени на Олимписките игри. Добив голема поддршка и благодарен сум поради тоа“, вели Георгиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО