Георгиевски и Додевски со тешки противници ќе водат борба за медал на ЕП

На Европското таеквондо првенство за сениори денеска настапија тројца наши репрезентативци, а двајца дебитираа во сениорска категорија со што го платија данокот на неискуството.

За жал, Филип Стаменов наиде на светскиот вицешампион Апос Теликостоглу (Грција), кој моментално е еден од најдобрите во оваа категорија. Сепак Стаменов добро се држеше во првиот дел. Иднината е пред него, а ова искуство многу ќе му значи, исто како и на Милјана Релјиќ која загуби од Чисе Робертс (Велика Британија).

И Анамарија Георгиеска е поразена во првото коло. Таа загуби од Шанката Сесилија Кастро.

Нашите најголеми адути настапуваат утре, тоа се Дејан Георгиевски и Филип Додевски. Тие имаат исклучително тежок жреб. Георгиевски се бори против Иван Гарсија од Шпанија, а ако го помине во второто коло го чека победникот од мечот Радик Исаев (Азербејџан) – Микос Лубовиќ (Србија). Исаев е актуелен олимписки шампион.

Додевски има пресметка со Иранецот со српски пасош Махди Кодабахши кој светски првак.

Но, народната вели „јунаците се познаваат на маката“, па така, утре очекуваме да го дадат максимумот и да ја израдуваат македонската јавност со медал.

ЕП 2021:
+87кг
Дејан Георгиевски – Иван Гарсија (Шпанија)
Дејан Георгиевски  – Радик Исаев (Азербејџан)/  Микос Лубовиќ (Србија)

-87кг
Филип Додевски Махди Кодабахши (Србија)
Филип Додевски Даривал Рос (Шпанија)

-80кг
Филип СтаменовАпос Теликостоглу (Грција) 5-16

-67кг
Анамарија Георгиевска загуби од Сесилија Кастро (Шпанија)

-62кг
Милјана Релјиќ загуби од Чисе Робертс (Велика Британија) 

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО