Постхумно Признание за животно дело на Златко Неделковски од АФСО (ФОТО)

Златко Неделковски од АФСО (AFSO: The World All Fight System Organization) со Одлука на Советот на стручниот спортски колегиум на ниво на сите 5о организации – федерации и асоцијации доби Признание за животно дело Грандмастер, информираат од Академијата за боречки вештини и спортови „ЗА – НЕД – ДО“. Златко Неделковски прерано почина на 1 ноември 2020 година.

Неделковски 45 години беше белег на кикбоксот во Македонија и спортски амбасадор на Битола низ цел свет. Основач на низа спортски вештини и спортови, а Академијата за боречки вештини и спортови „ЗА – НЕД – ДО” е репер за поимот „спорт“ во светот на боречките вештини и спортови.

Воедно Советот на АФСО донесе и Одлука неговата ќерка мастер Дијана Неделковска да ја именува на позицијата претседател на АФСО за Македонија, чиј основач беше нејзиниот татко.

На социјалните мрежи од академијата истакнаа:

„Почитта треба да биде дадена на оние кои ја заслужиле, а не на оние кои ја бараат!”

АФСО или Светската организација на сите боречки вештини и спортови, која е сместена во Германија, а во која членуваат над 50 светски организации, асоцијации и федерации кои негуваат варијации на боречки вештини и спортови, денес на домашна адреса во Битола, испрати Признание (награда) за животно дело, за грандмастер Златко Неделковски, кој беше нивни официјален и прв претставник, основач на АФСО за Македонија.

„Големите луѓе и понатаму живеат преку своите дела“, порачаа од АФСО!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО