Генерална проба на македонските боксери во Сараево пред „Златниот гонг“

Македонските боксери ќе имаат генерална проба во Сараево пред Златниот гонг овој викенд.

Селекторот Петар Чурлиновски на Меѓународниот боксерски турнир „Мустафа Хајрулаховиќ-Талијан“ ќе ги води сениорите, за да види каква е нивната форма и што ќе треба да се работи до Златниот гонг во ноември.

Во Сараево ќе патуваат: -52 кг Џан Демиров (Баргала), 75 кг Октај Фератов (Борец), 60 кг Јове Петровски (Пелистер)и 81 кг Арсим Етеми (Алексо Огненовски).

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО