Гегард Мусаси против Фабијан Едвардс во Белатор во Париз

Легендата Гегард Мусаси се враќа во кафезот на Белатор.

Поранешниот шампион во средна категорија ќе се соочи со Фабијан Едвардс. Тие  ќе се борат во средна категорија во главната броба на Белатор во Париз на 12-ти мај во Франција. Ова ќе биде најголемата борба во кариерата на Едвардс.

Мусаси е една од најголемите легенди во средна категорија. Тој има 49-8-2 во ММА, а последен пат загуби од Џони Еблен со одлука во јуни 2022 година. Овој пораз го симна од тронот и ја прекина неговата победничка серија од 4 меча.

Гегард доби 28 од своите победи со нокаут и 12 со принуда. Тој има само 4 порази со завршница во славната кариера. Ако Мусаси може да се справи со Едвардс, тогаш ќе добие шанса да го врати појасот.

Едвардс, пак, има скор од 11-2 во ММА и е во победничка серија од 2 борби. Фабијан има многу поскромно потекло од Мусаси. Тоа доаѓа како резултат на победата со одлука над Вард, која ја забележа во октомври 2022 година. Едвардс заврши 7 од своите средби и е непоразен со завршница во кариерата.

Фабијан сигурно ќе даде се од себе во оваа борба која ќе ги зголеми неговите акции доколку се разбира победи.

Коглавниот настан оваа ноќ ќе има борба од турнирот во лесна категорија на Белатор. Сидни Аутло ќе се соочи со Мансур Барнауи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО