Гаџимурад Антигулов ќе се сретне со Максим Гришин во октомври

Гаџимурад Антигулов и Максим Гришин ќе се сретнат на настан што УФЦ го планира за 17-ти октомври. Локацијата ќе биде Вегас или Абу Даби. Борбата меѓу двајцата ветерани е во полутешка категорија.

Антигулов има учинок 20-7 во ММА, а овој меч е сè или ништо за него. Тој е во серија од три последователни порази со завршница во првата рунда, притоа многу слабо се бореше во последните битки. Гаџимурад нема победа три години и има скор 2-3 во УФЦ. Во неговата последна битка кон крајот на јули загуби со завршница од Пол Крег.

Гришин има учинок 30-8-2 во кафезот и потпиша со УФЦ на почетокот на оваа година. Максим беше во серија од седум последователни победи, но во неговата деби во јули загуби од Марцин Тибура со одлука на судиите.

https://www.instagram.com/p/CEo_7sypk7f/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО