Фросина Атанасова петта на ЕП во Грција

Фросина Атанасова не успеа да слави во борбата за бронзениот медал против Романката Харсан на Европското првенство за деца (У-15) во Лутраки, Грција.

Фросина Атанасова загуби 1-12 и го освои петтото место, што сепак е успех, бидејќи ова е прв настап на големата сцена. Ова ќе значи уште поголем напредок и промовирање на женското борење во Бучим шампиони од Конче и Македонија.

39 кг
Фросина Атанасова – Илијана К. (Бугарија) 8-8
Фросина Атанасова – Катерина В. (неутрална) 0-4 ВФА
Репасаж
Фросина Атанасова – Бурак К. (неутрална) 0-0 ВФО
За бронза
Фросина Атанасова – Харсан В. (Романија) 1-12

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО