Будва домаќин на Светското првенство во бокс за млади

Будва од 20 октомври до 6 ноември годинава ќе биде домаќин на Светското првенство во бокс за млади, што заеднички го организираат Боксерските сојузи на Црна Гора (БСЦГ) и Хрватска, а со поддршка на Светската боксерска федерација (ИБА), беше одлучено на средбата во Загреб.

Се наведува дека федерациите ќе учествуваат во организацијата на овој спортски настан во пријателска и плодна соработка.

„Светското младинско првенство во бокс во 2024 година е несомнено еден од најзначајните спортски настани што некогаш се одржале во регионот, а особено во Црна Гора. Се очекува турнирот да собере околу 1.500 учесници (спортисти, тренери, членови на меѓународни спортски делегации и навивачи) од најмалку 65-70 земји, од сите континенти“, рече претседателот на БСЦГ, Александар Клеменко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО