Сега, кога УФЦ 249 официјално е презакажан за 9 мај, почнаа и најавите за борбите. Изгледа дека ќе видиме средба во тешка категорија меѓу Френсис Нгану и Жаирзињо Розенструик.
Per sources, heavyweight Francis Ngannou (@francis_ngannou) has officially agreed to his fight against Jairzinho Rozenstruik at UFC 249 on May 9. Ngannou was never 'out' of the fight, but he formally agreed to it today. So, that one is signed.
— Brett Okamoto (@bokamotoESPN) April 21, 2020
Нгану во последните три борби победи со нокаут во првата рунда. „Предаторот“ не е задоволен, бидејќи долго време не се борел – од јуни 2019 година.
Розенструик сè уште не ја вкусил горчината на поразот во ММА, при што извојува четири последователни победи во УФЦ – сите со нокаут.
Дуелот меѓу нив може да го одреди следниот предизвикувач за титулата, која е во сопстевност на Стипе Миочиќ.
Се очекува УФЦ 249 да ја вклучи и битката меѓу Тони Фергусон и Џастин Гејџи, како и Хенри Сехудо против Доминик Круз.