Конор Мек Грегор претседател на Ирска? Почнаа обложувањата

Конор Мек Грегор во последно време ги рекламира своите политички ставови. Ова импресионираше некои навивачи и тие изјавија дека Ирецот можеби се подготвува да ја преземе власта, па дури и да се кандидира за претседател.

Мек Грегор ги сподели своите впечатоци за тоа како Ирска се справува со глобалната криза. Тој ги повика водачите на поголема акција, па дури и влезе во спор со извесни личности. Тој имаше и големи донации во болниците во неговата родна земја.

Овие акции ги натераа многу негови сонародници да променат мислењето за него на подобро, а исто така провоцирашеа букмејкерите од „Бојл спорт“ да се обложат дали ќе го видиме како претседател на Ирска.

Во моментов облогот е 100/1 дека Мек Грегор ќе стане претседател. Интересно е што шансите му се зголемуваат, бидејќи недомана тие беа 500/1.

Всушност, малку е веројатно дека ќе го видиме Мек Грегор како претседателски кандидат, но дури и да го стори тоа, тој не би бил првиот познат спортист што се впушти во политиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО