Френсис Нгану со недели знаеше дека УФЦ ќе организира борба за привремен првак

Тренерот на Нгану Ерик Никсик неодамна изјави дека целиот тим на удирачот од Камерун е изненаден од одлуката на УФЦ да им даде борба за привремен шампион во тешка категорија на Сирил Гане (9-0) и Дерик Луис (25-7, 1 НЦ).

Имено, тие беа убедени дека Френсис ќе ја брани титулата на 25 септември и веќе ги имаа започнато подготовките за тој меч.

Наводно, преговорите веќе биле при крај, а потоа пристигнала информација дека најсилната светска ММА промоција ќе организира борба за привремениот појас.

„Нагану беше шокиран? Тоа се глупости. Тоа не можеше толку многу да ги изненади, затоа што разговараввме со недели. Тие знаеја дека тоа ќе се случи ако не можеме да се усогласиме. Тоа се случуваше милион пати“, рече шефот на УФЦ, Дана Вајт.

Дерик Луис претходно потпиша договор за УФЦ 265 во Хјустон што ќе се одржи на 7 август и ја чекаше согласноста на Нагану. Бидејќи шампионот не му одговараше на УФЦ, решија да му даде шанса на Французинот.

„Ни требаше борба за тој датум и бидејќи не можевме да се сретнеме со Френсис, договоривме борба за привремената титула“, рече Дана Вајт, објаснувајќи:

„Дерик Луис е втор на списокот и апсолутно ја заслужува можноста. Миочиќ е број 1, но Стипе штотуку загуби. Покрај тоа, Луис го победи Нагану. Дерик и Сирил се двајца врвни борци во борбата за привремената титула, а победникот ќе се бори против Френсис“.

Непоразениот Сирил Гане го победи Александар Волков на 26 јуни со едногласна одлука на судиите.

Дерик Луис има четири победи во низа, а последната ја доби на 20 февруари со нокаут во втората рунда совладувајќи го Картис Блејдс.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО