Френсис Нгану: Сè уште е можна борбата со Џон Џонс

Среде сета неизвесност околу иднината на Френсис Нгану, фановите останаа разочарани од една борба што не се случи.

Тоа беше Предаторот да го брани појасот во тешка категорија против Џон Џонс кој се врати. Тоа беше борба која сега се смета за една од најголемите борби што Нгану би ја пропуштил до крајот на својата ММА кариера.

„Коски“ веќе ја држи поранешната титула на Нгану, а борбата меѓу нив веќе изгледа невозможна. Нгану е борец на ПФЛ, а Џон има долгорочен договор со УФЦ. Дана Вајт веќе изјави дека никогаш повеќе нема да го земе Френсис во нивната лига.

Џонс од денеска се подготвува за борба со Стипе Миочиќ, а Нгану за бокс меч со Тајсон Фјури. Френсис неодамна се појави на подкастот на Мајк Тајсон и рече дека борбата со Џон се уште е можна.

„И јас сум разочаран, но оваа борба се уште е можна. Мислам дека и двајцата се согласуваме за таква борба. Јас сум надвор од УФЦ, но тоа не значи дека оваа борба не може да се случи.

Мојата борба со Тајсон Фјури само ќе ја направи оваа борба со Џонс поголема. На пример, замислете јас и Џонс да се бориме по мечот на Тајсон Фјури. Оваа битка со Џонс станува се поголема и поголема.

Така таа борба секогаш ќе биде тука кога и двајцата сакаме да се бориме. Сега е прашање на ситуацијата со нашиот договор“, рече Нгану во подкастот на Мајк Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО