Хорор во Бразил! Уапсен поранешен светски шампион во БЏЏ, обвинет за повеќе вооружени грабежи и силувања

Бразилскиот информативен канал Г1 објави дека светскиот шампион во ИБЏЏФ БЏЏ за 2017 година, Ерберт Сантос, е уапсен во врска со серија шокантни злосторства во неговата родна земја.

Заедно со неговиот колега Андре Песоа, шампионот на БЏЏ е обвинет за повеќекратни силувања и грабежи во државата Мато Гросо до Сул. Сантос и Песоа ги признаа злосторствата по нивното апсење во Боитува, во државата Сао Паоло.

Според полициската истрага, парот силувал најмалку четири жени, вршејќи ги своите злосторства со екстремно насилство – вклучително и врзување, закани и физичко малтретирање на жртвите.

Во моментот на апсењето двајцата имале 26 мобилни телефони, ножеви и огнено оружје. И двајцата во моментов се во притвор и го чекаат судењето. Засега не е објавен датумот на судската седница.

Ова не е прв пат Сантос да биде вмешан во насилни скандали. Во 2015 и 2017 година Сантос (29) удри со лакт противник за време на БЏЏ меч. Во 2018 година Бразилецот наводно го удрил со нога во лице противникот Томи Лангакер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО