Македонската кикбокс репрезентација со шест натпрварувачи на Европското јуниорско првенство во Турција (ФОТО)

Македонската кикбокс репрезентација предводена од претседателот Дејан Митровски Урко замина на ВАКО Европското кикбокс првенство за јуниори, кадети и деца 2023, кое ќе се одржи од 25 август до 3 септември во Истанбул, Турција.

На овој престижен кикбокс натпревар ќе учествуваат 1640 натпреварувачи со 2079 натпреварувачки влезови од 38 европски држави. Нашата репрезентација е составена од 6 натпреварувачи, двајца тренери и еден судија.

Во состав на македонската репрезентација учество обезбедија: Јадранка Темелкова, Марија Димовска, Нелсон Узеир, Туркер Исмаил, Силвио Мировски и Петар Илковски, а тренерското водство се Дејан Митровски Урко и Драган Атанасовски.

Во склоп на првенството ќе се одржи и Генералното собрание на Вако Европоската федерација од кое дел ќе бидат и претседателот на КМФМ, Дејан Митровски Урко и генералниот секретар Драган Атанасовски.

„Им посакувам успех на сите членови на нашата репрезентација и посакувам европски медали од македонската кикбокс младина. Искажувам јавна благодарност до Агенцијата за млади и спорт, Македонскиот олимписки комитет и Јома Спорт за помошта и поддршка за учество на ова европско првенство. Сигурен сум дека уште еднаш ќе ја оправдаме нивната доверба во нас”, изјави претседателот на КМФМ, Дејан Митровски – Урко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО