Френсис Нгану пристигна на тренингот на Реал и се сретна со Лука Модриќ, погледнете ја нивната средба (ВИДЕО)

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану ги посети фудбалерите на Реал Мадрид на тренинг во Лос Анџелес.

Камерунскиот удирач се запозна со играчите, а размени неколку реченици со Лука Модриќ.

Хрватскиот капитен беше воодушевен од големината и силата на Френсис, а Нгану во еден момент се пофали дека и тој има силни нозе.

По заминувањето од УФЦ, Френсис Нгану потпиша за ПФЛ, а пред неколку дена договори боксерски меч против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.

Нивната борба ќе се одржи на 28 октомври во Саудиска Арабија.

Последниот меч Камерунецот го имаше во јануари минатата година кога го победи Сирил Гане и ја одбрани титулата на УФЦ, која ја освои во март 2021 година во борбата против Стипе Миочиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО