Џорџ Камбосос Јуниор се врати со победа и повторно ја освои светската титула

Австралиецот Џорџ Камбосос Јуниор по два порази по ред против Девин Хејни се врати со победа.

На боксерскиот настан во Фирелејк арената во Оклахома, тој го победи британскиот борец Макси Хјуз со мнозинска одлука по 12 рунди.

Со таа победа Камбосос ја освои титулата шампион на ИБО во лесна категорија.

Хјуз подобро го отвори мечот и го диктираше ритамот во првоит дел, но во продолжение Австралиецот префрли во повисока брзина и стигна до пресврт.

Еден судија бодуваше нерешено (114-114), додека другите двајца му дадоа предност на Камбосос (117-111, 115-113).

Камбосос сега стана првиот предизвикувач за титулата на ИБФ која ја држи Девин Хејни.

Австралискиот боксер го победи Теофимо Лопез во ноември 2021 година и ги освои титулите ВБА (Супер), ИБФ и ВБО, кои ги загуби следната година во мечот против Хејни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО