Френсис Нгану потпиша за ПФЛ

Поранешниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану, кариерата ќе ја продолжи во ПФЛ. Камерунскиот удирач пристигнува во организацијата за која настапува и хрватскиот тешкаш Анте Делија, актуелен шампион на ПФЛ.

„Имам договор со ПФЛ кој никој претходно не ми го понудил. Последните неколку месеци беа многу интересни и сега сум многу возбуден. Потпишав за ПФЛ, ми даваат се што барам“, изјави Френсис Нгану.

По напуштањето на УФЦ, тој преговараше со различни организации. Познато е дека меѓу нив беа и ОНЕ, Белатор и БКФЦ, но тој имаше премногу финансиски барања.

Кариерата ја продолжува во ПФЛ, а треба да се бори во категоријата Суперфајт ППГ, која промоцијата ќе ја воведе следната година. Камерунецот ќе учествува на турнири за награда од еден милион долари.

Покрај тоа, Нгану ќе води специјална африканска организација ПФЛ, а ќе биде и во комитетот за правата на борците.

Секако, во договорот на Френсис му е дозволено да настапува на боксерски мечеви, а наскоро би можел и таму да најде противник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО