Фјури се надева на меч против Усик: Никој од никого не се плаши

Неодамна пропаднаа преговорите меѓу Тајсон Фјури и Aлександар Усик за меч во кој би боксирале за апсолутeн шампион во тешка категорија.

Кралот на Ромите секој ден излегуваше со различно барање, а на крајот Украинецот се повлече од тие разговори.

Неодамна, во медиумите се појави вест дека Саудиска Арабија сака да биде домаќин на голем боксерски настан, кој ќе биде главен со борбата за обединување на титулата меѓу Фјури и Усик, додека во конасловната броба ќе се сретнат Џошуа и Вајлдер.

Многумина се ентузијасти за таа идеја, како и промоторот на Џошуа, Еди Херн, и копромотерот на Фјури, Боб Арум, кои гледаат огромен профит во тоа.

Конечно се огласи Тајсон Фјури кој во понеделникот изјави дека се надева наскоро на меч за апсолутен шампион.

„Никој од никого не се плаши. Борбата мора да се случи оваа година“, истакна Тајсон Фјури и додаде:

„Мислам дека тоа ќе биде лесна и едноставна работа за мене. Ќе го удрев, ќе паднеше и ќе одев во центарот на Лондон да ја прославам победата“!

Откако Фјури и Усик не се договорија за меч за април, планирани се натпревари со други противници.

Имено, Украинецот треба да боксира против Даниел Дубоа, додека Џипси Кинг го поврзуваат со Енди Руиз и Жилеј Жан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО