Френсис Нгану е подготвен за бокс меч со Тајсон Фјури

Фрeнсис Нгану е подготвено да го освои и боксот. 34-годишниот Камерунец ја освои тешката категорија на УФЦ и стана шампион на крајот на март. „Предаторот“ сериозно го нокаутира Стипе Миочиќ и влезе во серија од 5 последователни победи со нокаут.

Нгану цел живот сонуваше да стане боксер, но на крајот стана ММА борец и тоа доста успешен. Френсис воскресна благодарение на неговите тешки нокаути кои го зкаоваа на врвот. Тој има учинок 16-3 во ММА и ги завршува сите свои победи.

Неговите три порази се со судиски одлука и може да се каже дека брадата му е доста силна. Опасниот нокауерт сè уште сонува за деби во боксот и цели кон големи имиња како Тајсон Фјури:

„Би сакал да се борам со боксери во тешка категорија како Тајсон Фјури. Отворен сум за таква средба. Апсолутно.

Боксот беше мојот оригинален сон и сè уште имам оган и сон во мене. Верувам дека во одреден момент ќе го направам овој чекор“, вели Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО