Харуни: Ардијан Аземи е подготвен за тешки противници на СП, очекуваме борба за медал!

Брозениот медалист од Европското првенство за млади во бокс кое минатата година се одржа во Црна Гора, Ардијан Аземи, во недела заминува Светското првенство во Киелце, Полска, од 10 до 24 април.

„Имавме одлични подоготовки во Маврово. Ги исполни сите тактичко- технички задачи, како и физичките и писхолошките подготовки“, вели тренерот Насер Харуни кој подготовките ги изведе со професорот и тренер во клубот Блерим Саити.

За конкуренцијата на Ардијан во Полска Харуни вели дека иста со онаа од Европското, со тоа што во борбата за медали може да се вмешат и боксерите од Куба, САД, Казахстан и Узбекистан.

Какви се очекувањата од настапот на СП Харуни истакнува:

„Нормално, очекуваме борба медал“.

За тоа, која е предноста на Аземи во однос на противниците, неговиот тренер ќе рече:

„Ардијан е добро подготвен за тешки противници, со малку среќа и без повреди може да стигнеме до медал на ова Светско првенство.

Аземи има искуство. Зад себе веќе има три европски првенства и прв медал, историски за Македонија, за млади. Ова ќе му биде прво Светско првенство, се надевам дека ќе помине се во најдобар ред“.

Како подготовка и генерална проба за СП, Ардијан Аземи настапи на силниот меѓународен турнир „Емил Жечев“ во Бугарија, каде што го освои сребрениот медал, кој на друго место ќе беше златен. Претходно, на Младинската златна ракавица во Блеград го освои златниот медал.

Да потсетиме дека медалот на ЕП во Црна Гора 2020 гоидна е историски медал, прв во јуниорска конкуренција, бидејќи Македонија на европските првенства на освоила медал пред 25 години (сега веќе пред 26 години), но во кадетска конкуренција од страна на Прислав Димовски на ЕП во Турција 1995 година. Додека 1997 година во Битола Фатон Салиху освои златен медал, а Дарко Чатлески и Денис Георгиевски бронзени.

Вели Мумин бронзи за сениори на ЕП 2006 во Истанбул и 2008 година во Ливерпул.

Борбите на ЕП во бокс 2020:

91 кг Ардијан Аземи – Јакуб Сарзевски (Полска) 5-0

Ардијан Аземи – Дује Гацина (Хрватска) 5-0

Адријан Аземи – Владислав Комаров (Русија) 2-3

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО