Дали Френсис Нгану ќе се врати во ММА? (ВИДЕО)

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Френсис Нгану, призна дека планира да се врати во ММА, но има намера прво да се бори во бокс.

„Дефинитивно ќе се вратам во ММА, но не пред да се борам во бокс. Во моментов повеќе би сакал да имам боксерски меч. Барем еден. И само тогаш можам да се вратам на ММА“, изјави Нгану за Јутјуб каналот на Шмо.

Френсис последен пат се појави во октагонот во јануари минатата година, кога го победи францускиот борец Сирил Гане.

Во јануари 2023 година, Нгану го напушти УФЦ, со што ја ослободи титулата во тешка категорија. Вкупно има 20 борби во ММА, во кои на 17 победи (12 со нокаут) и претрпе три порази.

Се очекува да се бори со Дионтеј Вајлдер. Но, каде и кога, видете во овој материјал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО