Френк Ворен верува дека Дубоа може да му создаде големи проблеми на Усик: Ако го удри во брадата…

Украинскиот тешкаш Александар Усик треба да ги брани шампионските појаси во ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО на 26 август на боксерски настан во Полска против Даниел Дубоа.

Познатиот промотер Френк Ворен, кој се грижи за кариерите на Тајсон Фјури и Даниел Дубоа, смета дека Украинецот би можел да има големи проблеми на следниот меч.

Ворен тврди дека Усик е во пад, а Дубоа има одлична можност во кариерата. Тој се надева дека на Даниел ќе му биде доволен еден удар во брадата за триумф.

„Ги гледав борбите на Усик во тешка категорија. Дерек Чисора пред две години му правеше многу маки во шест или седум рунди. Постојано беше пред него, а Усик немаше ништо. Тој беше избран со причина, а знаете што му направи Тајсон на Чисори“, потсети Френк Ворен на победата на Фјури во трилогијата со Дерек во декември, а потоа продолжи:

„Двете пресметки на Усик со Џошуа беа ништо, бидејќи тој постојано беше на задната нога. Џошуа не е борец каков што беше некогаш. Даниел има брз и моќен директ и е многу побрз отколку што мислат луѓето. Ако го удри Усик во брадата и почувствува дел од неговата моќ, ќе биде интересно да се види неговата реакција. Усик никогаш немал импресивен настап. Нема непочитување, но Дубоа доаѓа кај Усик во вистинско време“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО