Френк Ворен реагираше на договорот на Усик со Саудијците: И сега Тајсон Фјури е алчна личност

Промоторот на Фјури Френк Ворен го коментираше потегот на Александар Усик и неговиот договор да соработува со промотивната куќа Скил челинџ што ја води принцот Халид од Саудиска Арабија.

Ворен тврди дека ова ја докажува алчноста и желбата на Усик да боксира само мечеви каде што може да заработи добри пари.

Украинскиот боксер по потпишувањето на договорот најави дека ќе учествува во организација на мечот против Тајсон Фјури во соработка со Саудијците.

„Знаеме дека Тајсон Фјури не сака да се бори, но ќе се обидеме да го договориме тој меч“, изјави Александар Усик.

И Френк Ворен нагласува дека сега на сите им е јасно зошто на почетокот на оваа година не беше договорена борбата меѓу Фјури и Усик.

„Се што го интересира Усик е голема плата и борба во Саудиска Арабија каде може добро да заработи. Не го обвинувам. Но, тогаш не кажувајте дека Тајсон Фјури е алчна личност. Одиш во Саудиска Арабија затоа што тие плаќаат подобро“, вели Френк Ворен и продолжува:

„Ако те плаќаат три или четири пати повеќе, сакаш ли тоа да го наречеш алчност, добар бизнис или што и да е, а тоа не е до Тајсон Фјури. Ова е причината зошто Усик не сакаше да се бори со Фјури во Велика Британија. Му ја понудивме таа борба за лето и ја премолчивме. Не добивме никаков одговор од Усик“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО