Аманда Нунеш и Ирене Алдана го предводат настанот УФЦ 289, а Оливеира се враќа во октагонот (ВИДЕО)

Ванкувер е домаќин на УФЦ 289 следниот викенд, на чие чело е борбата за титулата во женска категорија меѓу шампионката Аманда Нунеш и Ирене Алдана.

Во конасловната борба во лесна категорија силите ќе ги одмерат Чарлс Оливеира и Бенеил Дариуш.

Аманда Нунеш требаше да го брани појасот против Јулијана Пења, но поради повреда го откажа настапот, а наместо тоа се уфрли Мексиканката.

Бразилката бара шеста одбрана на титулата во бантам категорија против Ирене.

Триесет и петгодишната Алдана седум години е во најголемата светска ММА промоција, а шансата за титулата ја доби по две убедливи победи во низа, завршувајќи ги со прекини Јана Куницкаја и Мејси Кијасон.

По поразот од Јулијана Пења, Аманда веднаш ја совлада Американката во реваншот и си го врати шампионскиот појас.

А победникот од мечот меѓу Чарлс Оливеира и Бенеил Дариуш најверојатно ќе добие шанса да биде следниот предизвикувач за титулата во лесна категорија.

Пред следноит ППГ настан промоцијата објави видео за УФЦ 289 Одбројување:

https://www.youtube.com/watch?v=jnLEC9VJzCw&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.croring.com%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО