Флојд Скофилд го прегази Рикардо Лопез Торез за 90 секунди (ВИДЕО)

Флојд Скофилд продолжува да лета околу рингот во лесна категорија и покрај тоа што има само 21 година. Овој пат тој го прегази Рикардо Лопез Торез во рок од 90 секунди, испраќајќи го четири пати во нокдаун и го принуди судијата да ја прекине борбата.

Се започна со силно лево кроше на Американецот, иако десната рака му е водечка. После тоа му беа потребни брзи двојни и тројни комбинации за да го испрати Латиноамериканецот на земја.

Хосеп Родригез се обиде малку да го остави Торез во борбата, но искусниот судија сфати дека тоа е жива тортура поради огромната разлика во класи на неговиот противник.

Ова стана КО број 12 од вкупно 16 чисти победи за Скофилд, а голема е веројатноста наскоро да го видиме како се искачува во првите 50 во неговата дивизија, а оттаму можностите за повредни противници би требало да бидат значително подобри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО