Флојд се подигрува со Конор: Награда 10.000 долари за оној кој најдобро ќе го исмее

mejveder-konor-soocuvanje

Продолжува вербалната војна меѓу боксерската легенда Флојд Мејведер и шампионот на УФЦ во лесна категорија Конор Мек Грегор.

Овој пат Флојд прибегна кон социјалните мрежи, за да организира своевиден натпревар, подбив со Мек Грегор.

Мејведер објави на социјалните мрежи кадри на Конор на кои Ирецот ја предава средбата на Нејт Дијаз, а потоа лежи на подот во октагонот. Мејведер изјави дека ќе даде 10.000 долари на човекот кој ќе измисли најдобар опис на видеото.

Не е тајна дека подолго време се зборува за евентуален дуел меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор. Гласините се засилија откако Мек Грегор добие боксерска лиценца од државата Калифорнија.

Флојд се закани дека „ќе му удри шлаканици“ на Мек Грегор ако некаде го сретне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО