Флојд Мејведер си ја кажа цената за враќање во рингот

Легендарниот боксерски шампион, Флојд Мејведер, ја објави сумата која сака да ја добие за да се врати во рингот за нов професионален меч. Цената е минимум 200 милиони долари.

Мејведер не учествувал во професионална борба уште од 2017 година кога го победи Конор Мекгрегор. Статистиката на Флојд е неверојатна: 50 победи и ниту еден пораз, а имал борби и со ѕвезди како Мани Пакјао, Оскар Де ла Хоја и Канело Алварес.

Во последните години Мејведер учествува на демонстративни борби и заработува огромни суми на пари. Иако најавуваше дека нема да се врати на ринг како професионалец, сега објави оти планира три битки до крајот на годината, од кои едната најверојатно од професионален карактер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО