Нејт Дијаз: УФЦ ме држи како заложник, а јас сакам да се ослободам од нив

Нејт Дијаз изјави дека нема интерес да го продолжи договорот со УФЦ, но има уште една борба со организацијата.

„Сакам да ја продолжам кариерата, но не ме ослободуваат од актуелниот договор и ме држат како заложник во организацијата“, се жали Дијаз. „И јас сакам да ги оставам, тоа е мојата цел.

Сепак, не ми дозволуваат поради договорот. Тие сакаат да се борам со Конор. Во моментов немам интерес да се борам со Конор“.

Нејт тврдеше дека секоја понуда за борба што ја добивал доаѓала со нов договор за уште неколку борби.

Дијаз не се борел откако загуби со одлука на судиите од Леон Едвардс на УФЦ 263. По неговата втора борба со Конор во 2016 година, Дијаз не се натпреваруваше 3 години. Во враќањето, тој со одлука го победи Ентони Петтис, а потоа имаше голема борба против Хорхе Масвидал на УФЦ 243, која ја загуби.

Борецот е во УФЦ 15 години, но во последните години ситуацијата во ММА е многу променета и се отворија многу нови можности. Џејк Пол, кој направи бум во боксот, изјави дека е заинтересиран за борба со Дијаз, се додека тој излезе од договорот со УФЦ.

„Сè ме интересира“, продолжи Дијаз и додаде: „Сакам да бидам активен. Ако Џејк Пол прво договори борба со мене, ќе се борам со него.

Најголемата пречка во односот помеѓу Нејт и организацијата не се парите, туку слободата на избор.

„Не сакам повеќе пари. Сакам да правам различни работи. Сакам да разговарам со нив, ајде да го направиме тоа со почит… Можеби подоцна ќе потпишам со УФЦ, но сега сакам да заминам одовде“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО