Флојд Мејведер на ставил ракивици по повлекувањето од боксот

Flojd Mejveder so Mani Pakijao plus dvajca

Флојд Мејведер не ставал ракавици дури и на тренинг, откако ја заврши кариерата во септември минатата година. Ова го соопшти тренерот Фреди Роуч, кој го подготвува долгогодишниот ривал на Американецот, Мани Пакијао.

Мега ѕвездата направила ненајавена посета во салата на Роуч, која се наоѓа во Лос Анџелес.

„Помина неколку пати во салата, а освен тоа се видовме во ресотран во Лос Анџелес. Беше многу љубезен и добро расположен. Ми рече дека не тренирал ниту ден откако се откажал“, раскажа Фреди Роуч.

Според Фреди Роуч има многу голема шанса навивачите да го видат реванш меѓу Пакяо и Мејведер. Натпреварот се скрши сите рекорди по приходи и интерес.

„Мани е премногу дарежлив и дава пари на сите, а Мејведер изгледа доста троши. Мислам дека двајцата ќе се согласат на реванш поради парите“, смета Роуч.

https://youtu.be/WPdq737WdNM

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО