Проширена најава за најчеканиот реванш на годината и УФЦ 202 (ВИДЕО)

Mek Gregor Dijaz najava 201 ufc

Наjочекуваниот реванш на годината е пред врата, а УФЦ овој викенд објави нова, проширена видео најава на големиот УФЦ 202 спектакл.

Ѕвездите на вечерта на 20 август во Лас Вегас повторно се Конор Мек Грегор и Нејт Дијаз чија борба минатата пролет ги уриваше рекордите на гледаност и заработувачка. Мек Грегор сонува одмазда за првиот пораз во кариерата како би можел мирно да се сврти на одбраната на појасот во перолесна категорија и на неговите амбицији на таа титула да придодаде уште дна. Дијаз одби да настапи на јубилејот УФЦ 200 само за да остане подготвен за Ирецот и да докаже дека она давење од првиот меч не е случајно.

Освен Дијаз и Мек Грегор, на одличната листа УФЦ ги вклучи и борбите на Ентони Џонсон и Гловер Текееира во полутешка категорија, Доналд Кероне и Рик Стори во велтер категорија, Нил Магни и Лоренц Ларкин и неколку големи битки. Погледнете ја најавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО