Флојд Мејведер ќе инвестира во хотели во Црна Гора: Тука сѐ е ексклузивно (ВИДЕО)

Пред неколку дена некои беа изненадени од информацијата дека познатиот светски боксер Флојд Мејведер допатувал во Црна Гора каде истакнал дека ќе се занимава со бизнис и ќе инвестира во туристичкиот сектор и изградба на хотели во оваа земја.

Мејведер во Црна Гора останал повеќе од неколку дена, што само потврдува дека е сериозен да ги постави темелите на неговата понатамошна инвестиција во земјата. На социјалните мрежи објави фотографија од луксузен хотел во Будва со „блескав“ поглед на отворено море.

Тој истакна дека е воодушевен од природните убавини на Црна Гора, но и од населението.

– Сакам во мојот живот да носам обожаватели и луѓе кои не патуваат многу. Кога објавувам на социјалните мрежи, се трудам да ги инспирирам и мотивирам луѓето. Сега сме во Црна Гора, гледаме прекрасно море, прекрасен поглед од еден од моите балкони. Да ве одведам горе до другиот, овде сѐ е секогаш ексклузивно – изјави Мејведер во видео на Инстаграм.

Неколку дена претходно во интервју за „Вијести“ ги откри своите планови за време на престојот во Црна Гора. Неговите пријатели Јаков Зорја и Хаим Мизрахи го „убедиле“ да дојде на јадранскиот брег.

– Моите пријатели доаѓаат овде со години и на нивна покана дојдов да инвестирам. Моментално работиме на различни проекти, бидејќи Црна Гора е неверојатно место – објаснил Мејведер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Floyd Mayweather (@floydmayweather)

Интересно е тоа што моменталното богатството на Мејведер се мери на 400 милиони американски долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО