Флојд Мејведер: Го мразите фактот дека еден црнец кој не завршил средно училиште ве надитри. Целата кариера на Пакијао е изградена на мое име

Пред неколку дена легендарниот флипински боксер Мани Пакијао му го нанесе првиот пораз на Кит Турман, освојувајќи ја титулатана ВБА во полусредна категорија. По ова Пек Мен го предизвика непоразениот Флојд Мејведер на реванш меч, ако се премисли да се врати во рингот.

„Мани“ се огласи по прозивките со прилично остар јазик.

„Навистина сметам дека е иронично кога ќе го споменае името на Пакијао во медиумите, веднаш го поврзуваат со моето. Целата кариера на оваа личност се базира на врската со моето име и мислам дека е време да престанете да го користите со цел да има кликнувања на статиите и време е тој да си изгради тежина на името. Долги години слушавме како Флојд стравувал од Пакијао. Но, забавно е тоа што лесно ја добив нашата битка и сите требаше да си ги повратат зборовите.

Сите таканаречени експерти, критичари и завидливи американски обожаватели молчеа, или најдоа различни причини за да му пружам реванш шанса ​​на Мани Пакијао. Мое мислење за оваа тема е дека сите сте лути поради соборувањето на рекордот на Роки Марчијано и мразејќи го фактот дека еден црнец кој не завршил средно училиште ве надитри, и покрај вашите очекувања, се пензионираше без пораз. Впрочем, секогаш ќе се смеам последен.

Сега да се држиме до фактите. Јас правам повеќе пари од Мани. Те победив, а потоа потпишав со тебе. Бев на твојата борба и те гледав затоа што си мој потчинет (вработен) и така би направил секој вистински шеф. Заработи 10 милиони за 12 рунди, а јас спечалив 9 милиони долари за помалку од три минути борба, кој беше прикажанФ со доставувач на пица. Те победив психолошки, физички и финансиски! Запомни, ти се бориш затоа што треба, а јас се борам кога ќе посакам“.

https://www.instagram.com/p/B0SYJo5ljKy/?utm_source=ig_embed

Но, и Пакијао не му остана должен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО