Флојд Мејведер ги избра петте најголеми боксери во историјата, без Мајк Тајсон и Мухамед Али

Еден од најдобрите боксери во светот, Флојд Мејведер (50-0, 27 КО) ги избра петте најдобри боксери во историјата.

Големите имиња како Мухамед Али и Мајк Тајсон се изоставени од неговата листа, а има и легендарни борци како Шугар Реј Робинсон и Шугар Реј Леонард.

Мејведер во разговор во живо на Инстаграм на ФeтЏо’с требаше да избере уште четворица боксери кои заслужуваат да бидат меѓу првите пет на сите времиња. Секако, за него е резервирано едно место.

„Пернел Витакер треба да биде таму, потоа Роберто Дуран. Човеку, ме стави во непријатна ситуација“, рече Флојд Мејведер, а потоа продолжи:

„Што се однесува до тешкашите, мора да има место за Лери Холмс. Ги победи сите во неговата ера. Тој загуби од Мајк Тајсон, кој беше гладен да се докаже. Холмс беше добар од почетокот до крајот на кариерата. И Арон Прајор, кој загуби „само една борба“, онаа против дрогата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON