Џо Роган за Волкановски-Махачев: 100% пораз на Ислам!

Џо Роган со реакција по борбата меѓу Ислам Махачев и Александар Волкановски.

Тие беа предводници на настанот УФЦ 284 во Перт, Австралија. Махачев победи со одлука на судиите и ја задржа титулата во лесна категорија. Навивачите во салата не беа задоволни и ја исвиркаа судиската одлука – (48-47, 48-47, 49-46).

Роган изјави дека Ислам Махачев „100 проценти“ загубил од Волкановски, пред да ги отфрли тие коментари и да се запраша дали тој едноставно бил пристрасен.

„О Боже мој, погледни го Ислам Макахчев, тој сега сфаќа. Сега сфаќа дека само изгубил. 100% загуба. Ајде да ја видиме одлуката. 48-47. Господе. Господе. Едноставно бевме убедени, можеби сме биле и преубедени.

Можеби ќе треба да го гледаме повторно. Не знам, не мислам така. Ајде да видиме што мислат луѓето на интернет затоа што мислев дека е 3-2 за Александар Волкановски.

Господе. Тоа смрди. Слушајте ја толпата“, изјави Џо Роган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО