Хабиб го пофали Махачев по победата над Волкановски: Едноставно најдобар!

Дагестанецот Ислам Махачев со едногласна одлука го победи Александар Волкановски на настанот УФЦ 284 во Перт и го одбрани шампионскиот појас во лесна категорија.

Тоа беше негова 24-та победа во кариерата и 12-та по ред, што ја постигна без неговиот пријател и ментор Хабиб Нурмагомедов.

Имено, поранешниот шампион неодамна реши да се пензионира и да поминува повеќе време со семејството. По мечот Ислам и Хабиб зборуваа преку Фејстајм.

Нурмагомедов на Инстаграм објави и заедничка фотографија со Махачев, под која напиша:

„Едноставно најдобар. Тоа го докажа во тешка и сложена борба против најдобриот борец во светот.

Секогаш има работи на кои се уште може да се работи.

Но оваа приказна ќе продолжи уште долго во овој спорт.

Сетете се само кој беше најдобар во историјата на ММА од Евроазија без разлика на тежинската категорија, имаше само неколку борци.

Ислам веќе беше на тој список. Брат, ти веќе си дел од историјата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО