Флојд Мејведер е подготовен да се врати во рингот за соодветна парична сума

floyd mayweather nesto pokazuva

Флојд Мејведер (39 г.) кој официјално објави дека го напушта боксот. Но, неслучајно прекарот му е „Money/Пари“. Американецот во едно неодамнешно интервју рече дека е подготвен повторно да се качи на рингот, ако добие соодветен надомест.

„Во моментов се насладувам на одморот. Мојата желба е да ја продолжам долговечноста на овој спорт и да ипомогнам на младите борци. Луѓето треба да го погледнат дедо ми Роџерr и да се сетат на Мухамед Али, за да се разбере како телото се троши од боксот. Кога го гледам сето тоа, се радувам дека што во кариерата бев заговорник на дефанзивна борба. Но, ако добијам соодветна плата, подготвен сум да се вратам назад во рингот“.

Пред неколку недели беа пуштени доста силни гласини дека Мејведер може да направи бокс меч против ММА шампионот Конор Мек Грегор, но се уште не се потврдени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON