Флојд Мејведер: Давам две милијарди долари за НБА тим

Непоразениот американски боксер Флојд Мејведер Јуниор проговори за својата намера да купи тим од Националната кошаркарска асоцијација (НБА).

Поранешниот светски шампион во пет категории тврди дека веќе понудил 2 милијарди долари на сопственикот на еден од клубовите. Многумина се сомневаат дека „Пари“ ја има таа сума, но тој вели дека може да си дозволи да даде толку пари на НБА тим.

„Работам на купување НБА тим. Одржувам контакт со еден од моите деловни партнери, Брет Џонсон. Не е лесно, но веќе некое време одиме во оваа насока.

Постои опција да се отвори франшиза во Вегас или Сиетл, или да се купи постоечки НБА клуб. Веќе му понудивме на сопственикот на еден од тимовите нешто повеќе од 2 милијарди долари за контролен пакет.

Може ли да си дозволам толку пари? Се разбира“, рече Мејведер за Федавеј ворлд.

Различни извори тврдат дека богатството на Флојд се проценува на половина милијарда долари. Не е јасно како Мејведер ќе најде уште милијарда и пол за да купи тим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Floyd Mayweather (@floydmayweather)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО