Флојд е обвинет за саботажа! (ВИДЕО)

mejveder vo agol

Тренерот на Пакијао – Фреди Роуч, го обвини Флојд Мејведер за саботажа на подготовката на Филипинецот за големиот меч.

Според него, советникот на Мејведер, Ал Хејмен, им плаќа на боксери, за да одбиваат спаринг со Мани.

„Изнајмив спаринг партнери, но луѓето на Хејмен им ѕвонат и им нудат повеќе пари да не доаѓаат и да си останат дома. Но, јас не се грижам. Имаме четворица многу добри спаринг партнери за Мани. Почнавме со планот за овој натпревар уште пред 5 години, но го променивме малку. Дефинитивно, ќе имаме подобрувања. Сигурен сум дека ќе победиме. Овој човек е непоразен досега, многу добар боксер, најталентираниот, што сум сретнал некогаш. Тој е интелигентен. Треба да направиме совршен натпревар“, рече Роуч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО