Европскиот шампион на прием кај градоначаникот Латиновски!

601

Veronika prima blagodarnica od petre

Европскиот шампион во карате, Вероника Костовска, беше примена од градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски, при што и додели парична награда и балгодарница за освоената титула на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Цирих, Швајцарија, минатиот месец.

Veronika kaj Latinovski

Латиновски и се заблагодари за афирмацијата на Општината и нагласи дека и другите млади спортисти треба да го следат нејзиниот пример. Градоначалникот вети спонзорирање на идните настапи на Костовска на некое од европските или светските првенства.

-Монгу ми е мило што Вероника ја стави европската елита под нозе- рече Латиновски.Veronika so latinovski

Костовска му се заблагодари за наградта и за салата во ОУ „Свети Климент Охридски“, каде што ја темпираше формата за европската титула.

Тренерот на Вероника, Елвир Куртановиќ, притоа истакна дека му било чест и гордост да се биде дел од тимот кога неговата ученичка ги совладуваше натпреварувачките од европската елита без пардон.

-Честа и гордоста беа уште поголеми кога се гледаше ТВ преносот на „Свис спорт“, кога коментаторот без никакви придавки и додавки го употребуваше името Македонија- истакна Куртановиќ.

Veci dava izjava

 

ipon.mk/В.Д.