Зоран Петковски- „Тао џит кун до“ од Брус Ли во електронско издание!

Petkovski vo kik boks poza
Горан Арсовски и Зоран Петковски, 1994 г., Свети Пантелејмон.

Пионерски потег на вљубеник во боречите вештини за нивно простирање во сите пори на денешнината во Македонија.

„ТАО ЏИТ КУН ДО“ е книга од легендарниот Брус Ли, идолот на многу генерации, ништо помалку значаен и денес, издадена од неговата сопруга Линда Ли и најдобриот ученик и мајстор Дани Иносанто, а од вчера е достапна во електронска форма на сите љубители и практиканти на боречките вештини во Македонија.

Petkovski sega

Уште во 1991 година на македонски јазик ја преведе вљубеникот во боречките вештини и мајстор по џит кун до и кик бокс, Зоран Петковски. Откако се распродадоа и подарија давата тиражи, а популарноста на овие спортови и вештини порасна во нашата земја, Петковски се одлучи на еден друг чекор, наместо да ја печати, тој ја направи во електронска верзија, доработена и подобрена, за да биде достапна за сите преку „Фејсбук“ во неговата кик бокс група.

Knigata na Brus Li Tao dzit kn doКнигата има околу 230 страници со многу фотографи и оригиналните скици на Брус Ли за изведбата на одредени техники. Основата на книгата, односно дека џит кун до-то е стил без стил и дека во неа може да се пронајдат сите вештини и стилови.

-Многу работи се детално обработени и се стручно објаснети. Покрај претставата за физичкиот дел од вештините, детално е обработен и духовниот дел. Всушност, книгата не е лесна за читање, затоа што бара познавање на боречките вештини, при што менталниот склоп мора да е насочен во тој правец. Со секое ново читање наоѓам нови моменти што ги користам за лична надоградба,- посочува Петковски.

Тој ќе рече дека „книгата не укажува како да се прават некои работи, туку патот по кој треба да одиш за да стигнеш до нив“ и дека тој се уште открива нови работи и се надоградува.

-Верувам дека мојот ученик Ивица Алексовски може да го направи тоа, бидејќи е многу напреден во бразилска џиу џица и џит кун до, – тврди Петковски.novogodisna so idolot

Петковски е сестран спортист, и тоа многу успешен.

-Како мал почнав да тренирам карате во КК Металург кај Амо Марукиќ, при што почнав да се интересирам за џит кун до вештината, гледајќи ги филмовите со Брус Ли. Вежбав кунг фу по една книга која беше на хрватски јазик. Во исто време тренирав и фудбал. Бранев за ФК Маџари и ФК Пелистер од Битола. Во секој случај рефлексите на еден голман се добри за боречките спортови. Едно време почнав да тренирам и атлетика, заедно со Елизабета Божиновска, тогашна југословенска репрезентативка, кај Вучков,- раскажува Петковски како почнал да се занимава со спортот.

Сепак, за него е клучно преминувањето во Пелистер под водство на Ѓоко Хаџиевски. И во меѓувреме доаѓа до книгата „Тао џит кун до“ и почнува да ја чита со голем апетит, иако во нашата земја се уште немаше клубови што ја практикуваа оваа вештина.

Некои работи се случуваат несакајќи и случајно. Користејќи го слободното време во Битола, шетајќи по улиците здогледал една плаката на која пишувало дека одреден мајстор има клуб и вежбаат кунг фу. Тоа е клубот „Битола“ под водство на мајсторот Златко Неделковски. Старата и новата љубов се вкрстија, па Петковски пралелно тренира фудбал и кунг фу.

Sertifikat od VKA

Петковски е носител на мајсторски појас 3-ти тоан во кунг фу, стил џит кун до.

-Со тој клуб настапив на Мечот на шампионите во Сефкерин кај Белград. Го освоив златниот медал и станав шампион на СФР Југославија во категоријата до 81 килограм во фул контакт, – истакнува Петковски.

Се враќа во Скопје и прв отвора клуб за џит кун до, притоа почнува да вежба и кик бокс. Тој вели дека неговиот клуб „Шаолин“ е првиот клуб што ги вежба овие две вештини. Потоа се отвораат и други клубови и се формира Кунг фу-фул контакт сојуз на Македонија.

Pobednik Petkovski

-Од 1991 до 1996 година бев активен натпреварувач и шест пати бев шампион на Македонија без пораз. Првата професионална борба ја имав 1995 година на трочемот меѓу Македонија, Бугарија и СР Југославија, против Бугарин, која е прва во нашата земја. На Европското првенство во Белград 1996 година го освоив сребрениот медал. Но, тогашниот Спортски сојуз на Македонија не ми ги призна моите врвни резултати, по што претсанав да вежбам,-потенцира Зоран, со тага во душата за непризнаените резултати.

plakat petkovski
Прва книга за кик бокс- Маја Витановска 1997, Милано, и Горан Арсовски 1996, Киев, на насловна.

Од 1996 година се оддава само на тренерската работа и во клубот му доаѓа Маја Витановска од Делчево. Под негов надзор и раководство Витановска е трикратен светски првак (1997 година во Милано, Италија, во фул контакт и лоу кик и 1998 година во Копенхаген, Данска, во категоријата до 55 кг во лајт контакт.

-Исто така и нејзе не и ги признаа резултати. Разочарана од таквиот развој на настаните замина во Лондон, каде што живее и работи ден-денес,- објаснува нејзиниот тренер.

Petkovski sudija

Петковски се занимава и со судење. На Светското првенство во Виена, Австрија, ги суди финалните борби. Заради заслугите во развојот и промовирањето на кикбоксот му е доделено звањето „Кик боксинг мајстор“ 5-ти дан од страна на ВКА (WKA).

Тој е стручен соработник на Факултетот за физичка култура на Вишата тренерска школа за кик бокс.

ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО