Фјури за Усик: Доаѓа борбата на векот! Ова ќе биде историски меч меѓу Гигантот и обичен боксер

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, зборуваше за можна борба со Украинецот Александaр Усик. Напролет се очекува непоразените боксери да се соочат и да го одредат првиот апсолутен светски шампион во дивизијата по Ленокс Луис.

„Ова ќе биде борба на векот. Ако се сеќавате, првата борба меѓу Мухамед Али и Џо Фрејзиер беше означена како борба на векот. И пред оваа борба на векот имаше уште една голема битка во тешка категорија меѓу Џек Демпси и Џин Тани. Се бореа во Бостон и имаше рекордна посетеност.

Тоа беше борбата на векот, како Али и Фрејзер. А сега е Тајсон Фјури против Александар Усик. И тоа е прва борба во историјата за четири појаси во тешка категорија. Досега никој не го направил тоа.

Да, имаше апсолутен светски шампион во тешка категорија, но тој немаше четири титули. Ова ќе биде првпат во ерата со четири појаси, па ќе биде првпат боксер во тешка категорија да биде неприкосновен шампион со четири титули во борба на векот.

Ние сме два непоразени шампиони. Јас сум двократен шампион, а тој е двократен шампион во две тежини. Ова е многу интересна борба. Гигантот ќе се бори со обичен боксер во тешка категорија.

Но, тоа ќе биде и борба меѓу пргав левучар и џин кој контрира, оди напред… И прави се. Можам да направам сè што прави многу добро“, рече Фјури на Јутјуб каналот на ИФЛ ТВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО