Волкановски до Махачев: Хабиб нема да те држи за рака

Австралиско-македoнскиот ММА борец и актуелен шампион во перо категорија на УФЦ, Александар Волкановски, коментираше дека Хабиб Нурмагомедов најверојатно ќе отсуствува од аголот на Ислам Махачев кога ќе се борат на УФЦ 284 на 12 февруари.

„Махачев подобро да не го користи отсуството на Хабиб како изговор кога се е подготвено. Не му треба некој да го држи за рака и некој да биде покрај него. Имањето на Хабиб во неговиот агол сигурно помогна на многу начини. Дали го сметам Махачев за достоен шампион? Сто проценти да“, изјави Волкановски за ФОКС спорт.

Потсетуваме дека Махачев го предизвика Волкановски на борба откако во втората рунда го совлада бразилскиот претставник Чарлс Оливеира на УФЦ 280. Александар веднаш се согласи да се бори.

Махачев има 24 борби во ММА, во кои победи на 23 и претрпе еден пораз. Волкановски има 26 борби (25 победи, еден пораз) во ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО