Фјури за средбата со Џошуа: Се е во моја корист

Тајсон Фјури, светски шампион во тешка категорија на ВБЦ, верува дека не може да биде поразен во рингот, дури и во судир со Ентони Џошуа, кој ги има појасите на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО.

„Имам поголемо срце. Јас сум постар. Посилен сум психички и физички. Удирам посилно, сè е во моја корист. Кога преземам иницијатива, моите ривали не можат да ми ја одземат. Тоа е како да се борите со Т-Рекс. Тие не можат да победат. Јас сум неуништлив“, му рече Фјури на новинарот Геред Дејвис, а  пренесува „Сан“.

Во моментов се водат преговори меѓу екипите на двајцата боксери за одржување на судир за апсолутната титула во тешка категорија. Исто така беше објавено дека Еди Херн им понудил договор вреден 200 милиони фунти на двјацата менаџери, поточно Френк Ворен и Боб Арум.

„Не можам да бидам поразен. Ако не бидам повреден и активен, нема да изгубам. (Ќе се борам со Џошуа) исто како што би се борел со Вајлдер. Тие рекоа: „Тој ќе боксира и ќе се движи“. Она што го направив? Го нападнав, го бомбардирав се додека не го запрев“, заклучи Фјури.

Да потсетиме дека „Кралот на Ромите“ ја освои светската титула на ВБЦ, нокаутирајќи го Дионтеј Вајлдер во седмата рунда на мечот одржан на 22 февруари 2020 година во легендарната сала „МГМ Гранд“ во Лас Вегас, Невада. Тоа беше и прв пораз во кариерата на Бронзениот бомбардер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON