Мајк Тајсон: Мечот со Фјури може да биде катастрофа за Џошуа

Легендарниот Мајк Тајсон уште еднаш ја коментираше претстојната супер борба меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури. Железниот Мајк е на мислење дека ударите на сопственикот на четири појаси се предвидливи и ова може да стане сериозен проблем на мечот со Кралот на Ромите.

„Ќе биде многу интересно, Џошуа е нокаут мајстор. Сепак, можете да ги предвидите неговите удари. И, тоа може да биде вистинска катастрофа на мечот со Тајсон Фјури. Ако оставиш боксер од 206 сантиметри да ги предвиди ударите и да возврати, тогаш станува навистина лошо“, рече Тајсон.

„Мислам дека сега има многу одлични борци во категоријата. Секој што вели дека е лоша категоријата само е љубоморен. Сегашната ситуација е само воодушевувачка“, рече Тајсон во подкастот на Еди Херн.

Претходно беше објавено дека разговорите за дуелот на обединување меѓу Фјури и Џошуа се при крај. Борбата е закажана за јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО