Фјури вели дека тој е Роки, а Кличко е Иван Драго

Fjuri kako roki

Не престанува пресметката меѓу Тајсон Фјури и Владимир Кличко, иако Фјури е дрдоркото кој не престанува да „меле трици“ само за да биде во центарот на вниманието, поради што Ураинецот рече дека има мозок како на орев.

Сега се спореди со Роки истоимениот култен филм на Силвестер Сталоне, додека Кличко е Иван Драго. Причината за споредбата е супер модерниот тренинг камп на Украинецот во Австрија кој пред неколку години го посетил и Фјури, но воопшто не е импресиониран од истиот.

„Не ми е гајле ако Кличко тренира во Штанглврт, каде што има супер услови за работа, се што ќе посакаш. Бев таму и верувајте ми повеќе сакам да си работам по свое, на мој начин. Ако не погледнете двајцата, навистина ли сте изненадени што тој е во Штанглврт, а јас со мојот караван во Болтон?! Ова е како во Роки 4, тој е како Иван Драго во својот модерен камп, додека јас сум Роки, цепам дрва и трчам на планините“, -вели контраверзниот Фјури.

Средбата е закажана за 28 ноември во Дизелдорф, Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО