Фјури: Вајлдер е поопасен од Џошуа, а ЕЏ е големо слатко бебе

Почнаа првите разговори за борбата меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.

Но, „Кралот на Ромите“ прво ќе мора трет пат да ги одмери силите со Дионтеј Вајлдер. 31-годишниот Британец смета дека Вајлдер е поопасен противник од неговиот сонародник.

„Сто проценти, Џошуа не е опасен. Тој е големо слатко бебе“, рече за ЕСПН.

„Зошто би верувал во него кога го нокаутира Енди Руиз, заменски противник кој влезе во последната минута“.

„Во реваншот се појави со 135 килограми. Не тренираше. Ентони Џошуа повторно не успеа да стори ништо добро. Тој нема ништо. Тој не може да му држи свеќа на „Кралот на Ромите“. Има само еден вистински тешкаш, има само еден непоразен светски шампион“.

„Сите други други испаднаа по пат. Јас сум единствениот. Јас сум „Кралот на Ромите“. Непобедлив, недопирлив, нераскршлив шампион“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО