Џошуа: За 6 години би требало да бидам непобедлив

Ентони Џошуа не очекуваше дека Тајсон Фјури во 202 година ќе биде двократен светски шампион во тешка категорија.

Актуелниот шампион на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО вели дека „Кралот на Ромите“ е доказ дека некои тешкаши подоцна созреваат и почнуваат да се остваруваат со целиот потенцијал.

Во 2015 година Фјури стави крај на долгогодишното владеење на Владимир Кличко и ги освои појасите што моментно ги држи Џошуа, а оваа година со прекин против Дионтеј Вајлдер го освои единствениот појас што досега не го држеше – оној на ВБЦ.

„Ме изненади, но верувам дека на секој борец му е потребно време за развој. Тајсон Фјури беше професионалец 11, 12 години. Му требаше толку долго да се развие и конечно дојде до фаза каде се стекна со доверба. Честитки за него. Размислував за него додека се борев и си помислив: Го направив она за што на него му требаа 10 години. Замислете си каде ќе бидам за 10 години“, изјави на подкаст за Спортс илустрејд.

„Продолжувам понатаму. Го Имав тој мал проблем со Руиз минатата година. Но, како што секогаш велам. За шест години, кога ќе бидам таму каде што е Тајсон Фјури, би требало да бидам непобедлив заради искуството и мудроста, а тоа се најголемите учители“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО