Фјури: Уште две борби и толку од мене!

Светскиот шампион на ВБЦ, Тајсон Фјури, откри дека по борбите со Дионтеј Вајлдер и Ентони Џошуа ќе замине во пензија.

Фјури неодамна го нокаутираше Вајлдер во Лас Вегас во седмата рунда и се врати на престолот, каде беше во 2015 година кога го запре владеењето на Владимир Кличко.

Следниот натпревар Фјури ќе го има на 18 јули, повторно против Вајлдер, а потоа ќе одработи уште еден меч со Ентони Џошуа, па ќе замине во пензија.

„Ќе одработам уште две борби и тоа е тоа. Потоа, ќе размислувам за тоа што понатаму. Не сум поразен во 31 борба, јас сум професионалец 12 години и веќе бев апсолутен шампион по победата над Кличко. Што се однесува до мене, Џошуа само ги чува моите појаси затоа што никогаш не ги загубив. Овие се мои појаси и додека не ме порази некој во рингот, не можете да се преправате дека сте шампион“, истакна Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО